Спасовски: Заев е под постојани закани од атентат од 2015

08.11.2017 | 18:03
Прочитано: 4956

Премиерот Зоран Заев од 2015 е под постојани закани од атентат, а опасноста се зголемува со доближувањето на земјава до НАТО. Сепак, во овој момент, директни закани по животот на премиерот нема – потврди денеска министерот Оливер Спасовски на брифинг со новинарите.

Заев доби обезбедување токму поради ризикот од атентат уште во периодот кога не беше премиер – 2015 година. Тогаш постоеја индиректни закани и поради тоа доби обезбедување. Ние преземаме сериозни мерки за обезбедување на сите лица што се под ризик бидејќи со самото тоа што некој е премиер или претседател, изложен е на ризик“, рече министерот Спасовски.

Тој потенцираше дека службите во МВР преземаат сериозни мерки за заштита на премиерот, но не сакаше да го открие точниот број на обезбедувачи. Спасовски нагласи дека Заев има помалку обезбедувачи од неговите претходници, а наместо да го следи армија од луѓе, службите на МВР ги превентивно ги обезбедуваат местата на кои е најавено да се појави. Премиерот Зоран Заев во интервју за црногорско радио рече дека добил предупредување од некои аналитичари за можен атентат. Безбедносните експерти кои ги контактиравме сметаат дека постои реална опасност, но дека службите за безбедност не треба да го држат премиерот во постојан страв. Животот на Зоран Заев беше загрозен и за време на крвавиот упад во Собранието кога повеќе од 4 часа беше мета на физички напади. За учество во крвавиот четврток, вкупно 42 лица вработени во МВР се суспендирани и против нив се поведени дисциплонски постапки.

 


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.