Советот на Ајнштајн за среќата, вреди над 1,5 милиони долари

25.10.2017 | 11:22
Прочитано: 2766

Мирен и скромен живот носи повеќе среќа отколку потрагата за успех, којашто секогаш подразбира напнатост, напишал Ајнштајн во „Хотел Империјал“ во Токио, во 1922 година.

Рачно напишаната порака на физичарот Алберт Ајнштајн за тајните на човековата среќа, беше продадена на аукција во Ерусалим, за 1,56 милиони долари, иако првичната проценка изнесуваше од 5.000 до 8.000 долари.

За купувачот кој победил во наддавањето, се знае само дека учествувал преку телефон, дека е Европеец, и дека претпочитал да остане анонимен, како што соопштуваат од аукциската куќа.

Во жестокото наддавање околу пожолтениот лист хартија, почетната цена од неколку илјади долари, за само 20 минути се искачи на над еден и пол милион. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.