Собранието ги усвои измените на Законот за служба во АРМ

05.02.2014 | 20:00
Прочитано: 405

Собранието ги донесе дополнетиот Законот за служба во Армијата на Република Македонија и Националната програма за железничка инфраструктура 2014-2016 година.

Пратениците ги донесоа и изменетите и дополнети Закон за учебници за основно и средно образование и Законот за стечај. Заклучија дека е прифатлив и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и може да се даде во натамошна постапка.

Појасувајќи го Предлог-законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, министерот за одбрана Талат Џафери истакна дека треба едногласно да се поддржи затоа што дамнешна е тенденцијата на сите пратенички групи, подвлече, да се  најде одржливо решение за статусот на професионалните војници како категорија откако ќе им истече договорот по навршување на 45 годишна возраст.

Предлог-законот се дополнува со барање за ретроактивно делување, со што ќе биде опфатена група од 234 професионални војници на кој им прекинал договорот за работа, а се пријавени во Заводот за вработување и се невработени. Такви се, информира Џафери, околу 110 професионални војници.

Со ова решение, смета тој, професионалните војници кои ќе го исполнат условот 45 години возраст, се до нивно законско пензионирање ќе бидат ангажирани во министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за правда, шумска и судска полиција, казнени институции, како и локалната самоуправа и други институции. 

СДСМ ќе го поддржи Предлог-законот, рече пратеникот Горан Минчев, но тврди дека ваков предлог-закон во иста форма имало уште во 2010 година во нивната партиска програма, а сега овој закон се носи, рече меѓудругото, во пресрет на изборите. Задоцнетото носење на ваков закон, посочи тој, носи последици односно околу 600 професионални војници, според него, ја напуштиле АРМ.

Горан Мисовски од НСДП, меѓу другото им укажа на професионалните војници дека треба да им бидат благодарни на опозицијата за сегашното законско решение за кое, подвлече, се бори четири години. Го спомена и проектот „Лепеза“ за професионалните војници, којшто според Мисовски, не дал никакви резултати.

За пратеникот од ВМРО - ДПМНЕ Александар Николовски Предлог-законот е одличен и е еден вид благодарност за професионалните војници за се она што го прават за Република Македонија грижејќи се пред се за нејзината безбедност. Според неговиот сопартиец Илија Китановски кога СДСМ е во опозиција се полни со идеи, но кога доаѓа на власт, рече, ниту една од нивните идеи не се реализира.

Факт е дека кога ВМРО - ДПМНЕ доаѓа на власт, потсети, се зголеми старосната граница од првобитните 35 години, па на 38 се до сегашните 45 години возраст за професионалните војници за служба во АРМ. Пратеникот Веле Ѓорѓиевски смета дека со Предлог-законот пред се ќе се зголеми моралот кај професионалните војници, ќе обезбеди за нив сигурна иднина, а за државата, нагласи, ќе значи постабилна армија, додека пак за граѓаните мотив да се стане професионален војник во АРМ.

Со измените се предвидува околу 4.000 војници по завршувањето на службата во АРМ да бидат ангажирани во државните институции.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара да се прошири опфатот за професионалните војници со носење на измената и дополнувањето на Законот за служба во АРМ во процесот на собраниската процедура. Се проширува опфатот на професионалните војници на служба во АРМ на кои по навршување 45 години, ќе им биде решен статусот со ангажман во државни институции. Оваа мерка ќе важи за поранешните професионални војници кои заклучно со 31.12.2013 година во Агенцијата за вработување на Република Македонија се водат како невработени лица.

Треба да има вистинската образовна програма, а учениците не треба да бидат експериментална лабораторија, учебниците се полни со грешки, имаме кадри способни и квалитетни за изготвување соремени образовни наставни програми, реформите треба да дојдат по извршени анализи и во образованието, потребно е прво да се обезбедат соодветни услови за учениците, се дел од коментарите на пратениците од опозицијата во рамки на расправата по Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за учебници за основно и средно образование.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.