Словачкиот министер за надворешни и европски прашања во посета на Македонија

09.11.2017 | 09:34
Прочитано: 342

Државниот секретар и вршител на должноста министер за надворешни и европски работи на  Словачка Иван Корчок денеска и утре ќе биде во работна посета на Македонија.

На средбата со македонскиот домаќин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како што соопшти МНР, се очекува да бидат разгледани севкупните билатерални односи, евро-атлантската интеграција на Македонија, внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите.

Ќе бидат разменети и мислења за актуелните регионални и меѓународни прашања. Гостинот од Словачка ќе се сретне и со заменик претседателот на владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.