Скопјани годинава дишеле загаден воздух меѓу 79 и 139 денови

08.11.2017 | 10:08
Прочитано: 649

Жителите на Скопје во сите делови каде што се мери квалитетот на воздухот веќе ги надминале максимално дозволените денови во кои може да бидат изложени на високи концентрации на ПМ10 честички во воздухот.

Скопјани во 10-тe изминати месеци веќе дишеле загаден возух над дозволените максимални вредности меѓу 79 и 139 денови.

Податоците на министерството за животна средина покажуваат дека најмногу или 139 денови со загаден воздух и концентрација на ПМ10 честичките во воздухот имало во Гази Баба, кај Ректорат 135, Лисиче 101, Карпош 92 и Центар 79 денови.

Максимално дозволените концентрации се 50 микрограми на кубен метар, а концентрациите во зимските месеци достигнувале и над 500 микрограми на кубен метар.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.