Штрајкот во „Фени“ ставен во мирување

10.11.2017 | 12:22
Прочитано: 1328

Бугарската компанија „Енекод“ да понуди повеќе пари за купување на „Фени“, а протестите и блокадите да се стават во мирување до понеделник, кога е закажано рочиштето за стечај на фабриката.

Ова е епилог од вчерашната средба помеѓу гранковиот и синдикатот на „Фени“, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

На ова се согласил и „Енекод“, кој ветил дека деновиве ќе испрати повисока понуда од трите милиони евра, кои претходно им ги понуди на банките доверители. За првиот човек на „Сиер“ Пеце Ристовски, важно е работниците не само да земаат, туку и да ја заработуваат својата плата во „Фени“.

Додека вчера работниците на „Фени“ два часа го блокираа патот Росоман – Прилеп и уште еднаш повторија дека се против стечај, претстечајниот управник информираше дека според него, стечајот е најдобро решение.

„Фени“ има долгови од 60 милиони евра. Ако до понеделник не се појави стратешки партнер, голема е веројатноста судот да прогласи стечај. Освен „Енекод“, за „Фени“ се заинтересирани и швајцарски фонд и француска компанија.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.