Штрајк на грчките цариници, затворени гранични премини

09.11.2017 | 12:11
Прочитано: 580

Грчките царински служби  незадоволни од ниските примања и статусот, утрово повторно стапија во штрајк при  што за сообраќај затворени се граничните премини  Дојран  и   Меџитлија од грчка страна каде се пропуштаат само пешаци.

На преминот пак Богородица Евзони  освен пешаци повремено се пропуштаат и патнички возила  наизменично во интервал на секој 30 - тина минути. На трите гранични премини од Македонија  кон Грција од утрово во целост е прекинат тешкиот товарен сообраќај. Ваква ќе биде ситуацијата до 23 часот на Богородица и Дојран додека штрајкот на грчките цариници кај Меџителија ќе трае до 5 часот наутро.

На граничниот премин Дојран  заради најавата  нема поголема фреквентност од возила. Сите кои имаат намера да патуваат кон Грција со возило се пренасочуваат кон  Богородица каде се пропуштаат на секој половина час. Слична е состојбата и кај Гевгелија, а во меѓуграничниот простор кон Грција има 10 - тина товарни возила и таму беше намален интензитетот на сообраќај.

За неполн месец ова е втор еднодневен штрајк на грчките цариници. Спроед информациите доколку не им бидат зголемени платите не се исклучува можноста да се блокираат граничните премини кон Македонија и во иднина при што времетраењето на блокадите да траат повеќе од 24 часа.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.