Што се крие зад оставката на Мендух Тачи?

26.12.2016 | 16:15
Прочитано: 26266

Маркетиншки трик или вистинско збогување со лидерската позиција на ДПА по речиси 10 годишно претседателствување – што се крие зад оставката на лидерот на ДПА Мендух Тачи?

Тачи релативно воздржано и без елаборирање ја најави оптавката преку фејцбук, потегот го навести уште вечерта на изборниот ден – кога стана јасно дека ДПА доживеа изборно фијаско и остана само со два пратеника во собранието – помалку дури и од новоформираното движење на Села кое произлезе токму од ДПА. Објавата пак веднаш го мобилизираше неговите поддрживачи, сопартијци, дел од раководството на партијата јавно да искажат несогласување со неговата постапка.

 
Најгласен засега е Идриз Орана – актуелен советник во град Скопје и носител на изборната единица еден од ДПА на минатите избори. Орана вели дека не го разбира потегот на Тачи ниту го одобрува. Тој  во телефонска изјава за 24 вести вели дека Тачи е симболот на ДПА и дека ко требало да си оди по поразот тогаш неговиот пример да го следат и Касами и Села и Заев, бидејќи цели дека сите се губитници. Кој ќе ја води ДПА е наша работа, вели Орана а Тачи е потребен и на ДПА, но и на Македонија. 
 
„Симбол и икона на ДПА е Мендух Тачи, ние друга икона немаме. Искуството на лидерот на ДПА е непроценливо и потребно и за партијата и за Македонија.“ - изјави Идриз Орана.
 
Нов лидер ДПА треба да се  избере на Конгрес, кој дополнително ќе биде закажен. Од ДПА денеска решија да молчат, бидејќи како што велат Тачи се што требало кажал вчера. Оставката е неотповиклива, што според толкувањата значи дека партиските органи не можат да ја одбијат, но не значи пак дека на самиот конгрес делегатите не можат повторно да го предложат за претседател, дури и другите кандидати да се откажат во негова корист и повторно Конгресот на му ја даде довербата со аклимација. Дел од толкувањата токму ова сценарио го предвидуваат како најизвесно – особено во пресрет на локалните избори, на кои ДПА треба да се издигне по дебаклот на изборите. Но, и дополнително да ја стегне партијата ако сака да не остане без неа и да го мотивира членството за нова трка.
 
Зборот оставка на челната позиција не е првпат да излезе од устата на лидерот на ДПА – Тачи оставка понуди и по локалните избори во 2013-та кога го изгуби Тетово, но тогаш не ја поднесе и не беше неотповиклива, а ЦП не ја прифати.
 
Претседателствувањето на Мендух Тачи го тресеа многу контроверзии – од Владата со Груевски во 2006-та, неуспешната коалиција со Црвенковски во 2013-та, константните порази разните внатрешпартиски претумбации. Го преживеа ударот што му го нанесе Имер Селманани, ја консолидизира партијата, остана играч во политичките премрежја во змејва, но очигледно последниот удар во однос на силата ја дожиева од човекот кој како што велат во ДПА, тој го измисли – Зијадин Села, но и отворените флертувањата со Никола Груевски и Сашо Мијалков како и поддршката што постојано како втор коалициски партнер во сенка го даваше на нивните политики.
 
Како и да заврши новата епизода во ДПА – со нов избор на Тачи или пак со вистинско пензионирање – речиси сите се согласваат, ерата на Мендух Тачи во политиката дефинитивно заврши – неговиот простор го освоија нови некои нови дечки. За да ја врати ДПА на мапата, повторно ќе му треба многу време и труд и нови политики.

Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.