Преку малата и болна Ева, родителите се обиделе да спечалат пари?

27.08.2012 | 21:00
Прочитано: 14734
Фалсификувани се документите со кои семејството на малата Ева бара помош од 25.000 евра за нејзино лекување во Бугарија. Директорката на Клиниката по детски болести и детска кардиологија Маргарита Цонзарова за 24 Вести остро демантира дека болницата ги бара тие пари за лекување на 4 месечната Ева.
 
Ова е документот со кој семејството на социјалните мрежи бараше пари од граѓаните – отворени беа и телефонски линии за донации на трите мобилни оператори.
 
Но, адресата и телефоните на овие документи што ги објави семејството, не се совпаѓаат со податоците на бугарската болница каде што Ева била лекувана поради проблеми со срцето. Не се совпаѓа ниту датумот – 23 август – ден кога четиримесечното бебе веќе 13ти ден било на скопската клиника.
 
 "Тоа е еден документ кој не гласи на нашата болница, тоа не е мој потпис за некакви пари кои се бараат од некаде, не знам за што. Објаснувањето е следно. На детето му направивме се што е неопходно, за жал се појавија некои компликации и заедно со родителите се согласивме дека колегите во Скопје може да се справат со тоа и нема зошто да се малтретираат, зошто во овој момент нема што хируршки повеќе да се направи, затоа детето се врати во Скопје.“ - ни изјави во телефонски разговор Телефонски Маргарита Цонзарова, директорка на Клиника по детска кардиологија.
 
 
Таткото на Ева, Дејан Илиевски од Куманово, на официјалната страна на фејсбук за помош на неговата ќерка, секојдневно постираше контрадикторни информации – на 21 август од граѓаните бара да донираат 3.500 евра за операција на неговата ќерка. Наредниот ден пак, бара 2.100 евра. Неизвесно е за што се барале овие пари, кога и од скопската детска клиника и од бугарската, тврдат дека Ева треба да се оперира евентуално после една година.
 
Ниту стануваше збор за дополнителни пари, ниту за другата операција која треба да се прави дури после една година. Така што не ми е јасно од каде излезе тој документ вели Маргарита Цонзарова.
 
Од Фондот за здравство велат дека за трите операции на Ева во Бугарија, државата веќе платила 25.000 евра, а семејството партиципирало со 20 отсто. До 10ти август, кога Ева била донесена во Скопје, подмирени биле сите трошоци кон бугарската клиника.
 
Случајот ќе биде пријавен во МВР и кај Јавното обвинителство, бидејќи постојат сериозни сомнежи за намената на финансиските средства. Ева е на скопската клиника веќе 17 дена, а наредната операција евентуално би требало да се прави по првата година од животот.
 
Таткото на Ева досега се нема појавено во јавноста, ниту пак во скопската клиника. Во телефонски разговор тој конфузно изјави дека станува збор за недоразбирање и дека ќе оди во Бугарија за да види во што е проблемот.  
 
На Интернет и по факс од нашата државна болница стигнаа документи што малку се незгодни, на стара адреса и по факс и не знам уште како... Сакаме да се видиме со одговорните лица, да не испратиле они документ до нашата државна болница, не знам уште што, да разјасниме милион работи изјави телефонски Дејан Илиевски, таткото на Ева.
 
Останува на МВР и Обвинителството детално да проверат дали зад донациите за Ева, за кои неофицијално се тврди дека се собрани повеќе од 20.000 евра, се крие измама на родители кои сакаат да спечалат пари врз грбот на нивното болно дете.
 
 

Мери Јордановска

Коментари (3)

Анонимен

ako lazat znaci niv ic ne im e gajle za deteto i treba da im se odzeme takvi roditeli netreba da imaat deca

Анонимен

Зарем никој нема да побара од МарНет да се суспендира порталот http://www.preventus.mk
Зошто постои таа институција

Анонимен

Vaka se gubi doverbata i koga na nekoj stvarno e potrebnu sa ne se reagira

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.