Штети од невремето кое синоќа го зафати Штип

11.07.2012 | 11:44
Прочитано: 1070

Големо невреме синоќа околу еден час беснееше во Штипско.

Силниот ветер со брзина од 165 километри на час корнеше кровови. Оштетени се кровните конструкции на повеќе институции, училишта и куќи.

Од невремето предизвикани се прекини во елетричното напојување, откорнати се дрвја, поплавени се куќи и деловни објекти.

Локалните власти и комисијата за проценка на штети излезе на терен за да се утврди штетата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.