Шарапова најбогата спортистка на светот

03.08.2012 | 09:34
Прочитано: 1491
Марија Шарапова, осма година по ред е најбогата спортиска во светот со заработка од дури 27,1 милион долари. Таа за само една година својот имот го зголемила за 27,1 милион долари поради што, според изборот на списанието „Форбс“ повторно е прогласена за најбогата спортистка.
 
Долгоногата тенисерка, освен ѕвезда на тениските терени, е успешен промотер на бројните спортски и модни брендови. Всушност, во последните неколку години Марија заработува многу повеќе надвор од терените отколку на нив, бидејќи тенисот и донел пет милиони долари заработка, а договорите надвор од теренот дури 22 милиони долари.
 
Таа планира наскоро да лансира и линија слатки „Шугарпова“, покрај облеката и накитот кои веќе се продаваат под нејзиното име.
 
На второ место на најбогатите спортистки е Кинеската На Ли (18,4 милиони долари), а следуваат Американката Серена Вилијамс (16,3) и Данката Каролина Возњацки (13,7 милиони долари). 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.