Се зголемува бројот на светскиот џет сет во „Рајските документи“

09.11.2017 | 17:43
Прочитано: 1224

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон и еден од најдобро платените спортисти во светот, не платил данок за неговиот приватен авион вреден над 16 милиони фунти. "Би-Би-Си" и "Гардијан" објавија дека Хамилтон избегнувал да плаќа даноци за неговиот приватен авион користејќи специјална шема, која сега е под истрага на британските даночни власти.

Долгот на Хамилтон е откриен со отворањето на т.н. „Рајски документи“, доверливи податоци откриени од Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи со над 13 милиони документи за финансиски малверзации на многу политичари, бизнисмени, спортисти и ѕвезди од шоу бизнисот.

Документите покажуваат дека на возачот му биле вратени 3.3 милиони фунти во 2013 година, откако неговиот луксузен авион бил увезен на британски остров со ниски даноци“.

Веќе е познато дека Луис Хамилтон најголем дел од својот капитал го чува во Швајцарија и во Монако заради даночните олеснувања. Би-би-си наведува дека во документите за авионот пишува дека тој го користи за бизнис цели, што не било точно. Според доказите на Би-би-си, една третина од патувањата на 32-годишниот возач во тимот на Мерцедес, се приватни забави за што Хамилтон често знае да е пофали на социјалните мрежи. Адвокатот на Хамилтон за британска телевизија изјавил дека финансиите околу купопродажбата на приватниот авион на Хамилтон се потполно легални, и најавил тужба по спроведувањето на истрагата. Француски Ле монд, пак објави извештај дека Најк користи дупка во холандскиот фискален закон за да ја намали својата даночна стапка во Европа на само два насто во споредба со просекот од 25 проценти за европските компании. Угледната 119 години старата адвокатска фирма „Еплбај“ од Бермудите е во центарот на светското внимание, откако дел од нејзините хакирани и потоа обработени бизнис документи беа објавени ширум светот. Најновиот скандал со глобални размери ја открива повеќегодишната фискална акробатика, на 120 важни личности од Западниот свет, а пред се од Британија, и на десетици глобални мегафирми.


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.