Се бара одговорност за смртта на родилката од Прилеп

20.02.2016 | 18:17
Прочитано: 5685
Невладината РОМА С.О.С. од Прилеп изрази сериозна загриженост и апелира до надлежните институции итно да се утврдат точните причини за смртта на 21 годишната родилка од прилепското село Беровци, вчера два часа по полноќ во прилепската болница. Оваа невладина организација бара одговорност за наводно успешно извршеното породување на младата жена, чија здравствена состојба се влошила по 5, а починала 12 часа, откако на свет донела здраво,живо машко бебе.
 
“Грешката“ се случува и ќе се случува се додека здравствениот систем ни нуди здравствена заштита и услови, каде смртните случаи настануваат од непознати причини и околности, забележуваат од РОМА С.О.С. во реакцијата лиферувана до медиумите.
 
За лекарска негрижа и системски пропусти обвинува и семејството на родилката, кое упати и жестоки критики до министерот Никола Тодоров. 
„Се чука по гради, гради амбуланта, градел болници, носел апарати, сето е лага, немаме кадар за работа, кадар немаме, се е ставено партиски“, обвинува Томислав Ристески, чичкото на родилката. 
 
На барање на обвинителството, телото на родилката е испратено за обдукција, во институтот за судска медицина. А, од прилепската болница информираат дека и породувањето и третманот на родилката бил во согласност со сите протоколи. Освен двајцата дежурни доктори, кои многу совесно си ја вршеле работата, породувањето на барање на родилката го извршил гинекологот, којшто ја водел нејзината бременост. 
 
Сепак обдукцијата и истрагата за случајот ќе ја откријат вистината, за причините за смртта на младата жена, која пред 3 години, во истата болница родила женско бебе.
Пред 6 години, во гинеколошкиот оддел на прилепската болница за период од 3 месеци починаа три родилки.

Моника Талеска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.