СДСМ не ги прифаќа мандатите, побарана оставка од Заев и Шекеринска

30.04.2014 | 22:02
Прочитано: 20939

Централниот одбор на СДСМ најверојатно вечерва ја потврдува одлуката на Извршниот - пратениците да не ги прифатат мандатите, но Зоран Заев и Радмила Шеќеринска барем според партиски извори состанокот го завршуваат со повеќе барања за оставка на своето конто. 

Високи тонови можеа да се чујат во дворот на Бихаќка вечерва, а според партиски извори, внатре атмосферата била тензична. 

Барањата за оставка Заев ги пресретнал уште на почетокот кога на сопартијците им порачал да не бараат оставки, бидејќи нема намера да даде, затоа што на функција е само 10 месеци, а има конгресен мандат од 4 години. 

Дел од поранешните функционери му забележале на Заев и на неговата заменичка дека тие биле луѓето што го урнале отпорот.

Пред почетокот на состанокот, првиот социјалдемократ се сретнал во четири очи и со дел од носителите на пратеничките листи за да им побара оставка и да им предочи дека најдоброто за партијата е неприфаќање на мандатите добиени на, како што рекол, криминални избори. 

На Централниот одбор вечерва присуствуваше и кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, иако не е член на ниедно партиско тело, но како директен учесник во изборите, кој што застана зад одлуката на Заев да не се признаат изборните резултати.

Заев и Шеќеринска ги чека уште еден партиски тест - Конгресот за доверба кој се планира на 11 мај.

Според Статутот на партијата по секој изборен циклус раководството дава отчет за изборниот резулатат и му се гласа доверба. 


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.