Руска амбасада: Тврдењата на Заев за негова наводна ликвидација од Русија штетат на односите меѓу двете земји

09.11.2017 | 17:11
Прочитано: 5934

Руската амбасада во Скопје го обвини премиерот Заев дека во интервјуот за црногорското радио Антена м посочил на Русија кога рекол дека му се спрема атентат.

Денеска преку соопштение од амбсадата велат тврдењата на Заев биле неосновани недозволиви. Со зачуденост и загриженост истакнуваме дека во тоа интервју, во контекстот на минатогодишните настани во Црна Гора, шефот на македонската влада, повикувајќи се на некои „репорти“ и „аналитичари“, претстави дека руската федерација наводно била вмешана во обиди за „ликвидација“ и подготвувала такви акции против самиот господин Заев, се вели во соопштението.

Воедно, од амбасадата оценуват дека таквите тврдења нанесуваат штета на односите меѓу двете земји. Инаку Заев во интервјуто за црногорското радио „антена М“, не споменувајќи кои странски служби се во прашање, рече цитираме. Некои аналитичари околу мене велат дека сега си ти на ред. Ако треба нешто да се случи нека се случи, јас сум прифатил да бидам премиер на мојата земја и на мојата држава и треба лидер, подготвен сум да носам одлуки какви што очекуваат моите граѓани, по цена, што биде нека биде, изјави Заев.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.