Регионален проблем: Како да се подобри економскиот статус на Ромите

18.11.2017 | 17:27
Прочитано: 854

Балкански барометар е уште едно истражување кое што покажува на длабока дискриминација кон Ромите. Дури 16 отсто од анкетирани бизнисмени во Србија не би ги вработиле Ромите и покрај нивната стручност, а додека 55 отсто од бизнисмените се плашат дека нивното вработувањето негативно ќе влијае на бизнисот.

Ваквите поразителни податоци беа презентирани пред министрите од земјите од Западен Балкан и Турција за време на Регионалната конференција во Тирана каде се разговараше за подобрување на економската состојба на Ромите. Потребно е радикална промена за перцепцијата кон Ромите вели генералниот секретар на „ Регионалниот совет за соработка “ Горан Свилановиќ.

„55 отсто од луѓето кои ги водат најголемите компании во Србија на нашите анкети одговорија дека доколку би вработиле Роми тоа би било негативно за нивниот бизнис. Додека, 16 отсто од бизнис лидерите одговориле дека и покрај квалификациите на Ромите сепак не би биле спремни да ги вработат. “ - вели Горан Свилановиќ – генерален секретар на „ Регионалниот совет за сорботка“.

И Македонија беше дел од оваа конференција каде министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека доколку се подобри домувањето на Ромите ќе се дојде до нивно подобрување во вработувањето, за таа цел во новиот буџет за 2018 година рече дека двојно се зголемени средствата за домување во однос на претходните години.

„Ние како Министерство за труд и социјална политика, обрнуваме посебно внимание на политиките за вработување на Ромите, зошто сметаме дека за интеграција е потребно да почнеме од домувањето, оти секој  има право на достоинствено живеење  и домување и да се интегрира целосно во општеството потребно е да имаме таргетирани политики за вработување. 20 милиони се издвоија за домување, а вкупно во буџетот, над 40 милиони се издвоени само за програмите на Ромите.“ - вели Мила Царовска – министерка за труд и социјална политика.

Министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Огерта Манастирлиу, истакна дека постои национален акционен план со конкретни активности посебно насочени кон домување и вработување.

"За нас е многу важно да постои координација во спроведувањето на политиките кога станува збор за интеграција на малцинствата, а особено соработка со граѓанскиот сектор, што е од суштинско значење. Сакаме да станеме пример за регионална соработка во оваа област ". - вели Огерта Манастирлиу - Министерка за здравство и социјална заштита на Албанија.

Претставник на Делегацијата на Европската унија во Албанија, Стефан Старк, рече дека интеграцијата на Ромите е високо на агендата на ЕУ, и ги повика владите во регионот да соработуваат и да споделат добри модели.

Учесниците во Акциониот план на Акцискиот проект "Интеграција на Ромите 2020" на Советот за регионална соработка (РСС) за потребите и приоритетите за пополнување на буџетски недостатоци во политиките за интеграција на Ромите во балканскиот регион, истакнаа дека интеграцијата е долг и сложен процес и дека е потребна соработка на сите заинтересирани страни.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.