Работниците од Фени го блокираа патот Градско - Прилеп

09.11.2017 | 18:43
Прочитано: 1055

Два часа утрово траеше блокадата на патот росоман – прилеп.. Работниците од кавадаречки фени вака го искажаа денеска својот револт од состојбата со фабриката.. Долгите колони со нервозни возачи не ги поколебаа вработените и денеска преку блокада да ги повторат своите барања фени да не оди во стечај, но доколку тоа се случи, тој да биде активен.

„Стечајот нека си тера, статусот на вработените да не биде под завод.“ - вели Душко Николовски – член на извршен одбор на Фени.

„Има кризи, но ова е најнечесна криза. Кога цената на никелот е добра, ни го затвораме Фени“ - вели Благој Митрев – вработен во Фени.

Во меѓувреме, претставници на синдикатот во Скопје на средби со владата и банките, се обидуваа да најдат решение. Од тоа ќе зависат следните чекори на вработените.

„Ако има позитивно, ќе се реши, ако не утре пак продолжуваме со протестите.“ - вели Димчо Убавков – член на одбор на синдикат во Фени.

Фени е во криза, откако трите банки доверители побараа стечај за фабриката. Досегашниот сопственик Кунико Ресурсис тврди дека го продал Фени на бугарски Енекод, но банките доверители велат дека тие треба да се прашаат за промена на сопственоста. Според нив, Фени не е во можност да им ги исплаќа ратите за кредитите во вкупен износ од 40 милиони евра. По нивно барање судот назначи предстечаен управник, кој денеска со соопштение информира дека затекнал лоша состојба и дека стечајот е единствениот спас за фабриката.

„Каков ќе биде исходот од кризата во Фени, која е прва после 17 години, ќе се знае на рочиштето закажано за во понеделник. Тогаш во велешкиот суд ќе се одлучува дали Фени ќе се продаде или за него ќе се отвори стечјна постапка.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.