Прва пресуда што ја доби СЈО: 18 месеци затвор за разузнавачот Горан Грујевски

08.11.2017 | 17:45
Прочитано: 4192

За наредбата да бидат запалени службени документи од Управата за безбедност и котраразузнавање кои биле поврзани со системите за следење на комуникациите, Горан Грујевски е осуден на казна затвор од една и пол година. Неговите колешки, вработени во УБК, кои ги следеле неговите наредби добија условни казни.

Пет службенички добија условна казна од една година која нема да се изврши доколку во следните три години не сторат кривично дело, една од службеничките, која помогнала во расветлуивањето на делото, доби пониска казна, девет месеци условно која нема да се изврши доколку во следните 2 години не стори кривично дело.

Во образложението на пресудата судијката Лидија Петровска наведе:

„Со умисла и со цел да се прикријат податоци поврзани со системите за прислушување искористувајќи го својот автортет и стравот кој вработените го имале од него Горан Грујевски го сторил кривичното дело. Судот не ја прифати одбраната на обвинетите службенички дека постапувале по наредба на Грујевски бидејќи наредбата се однесува на сторување кривично дело кое тие биле должни да го пријават“, наведе судијката Петровска.

СЈО е задоволно од пресудата. Откако писмено ќе ја добијат ќе одлучат дали ќе се жалат на Апелација за висината на казните за обвинетите.

„Денеска СJO ја доби првата пресуда. Обвинетите во случајот ‘Тврдина 2’ беа осудени за кривичното дело кое им се ставаше на товар, односно дека уништувале службени документи и со тоа сториле кривично дело фалсификување службена исправа. Ваквата одлука е во рамките на нашите очекувања. Неколку пати повторувавме дека имаме цврсти докази и тоа се потврди со одлуката на судот. Изразуваме задоволство што барем за овој случај правдата излезе на виделина и очекуваме ваквиот тренд да продолжи и во другите случаи за кои СЈО има поднесено обвиненија.“

Одбраната на обвинетите очекувала ослободителна пресуда. Најавија жалба на одлуката пред повисокиот суд.

„Работниот однос на Грујевски и шесте службенички е во мирување, но тие не земаат плата, потврдуваат од МВР. Обвинетите соработнички на Грујевски денеска ја слушнаа пресудата во судница. Грујевски ќе ја дознае пресудата во екстрадициониот притвор во Солун.“ - изјави адвокатот Љупчо Шврговски.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.