Протест на вработените во „Фени“

08.11.2017 | 18:56
Прочитано: 1053

Фени е во заложништво помеѓу поранешното и сегашното раководство, доверителите и новите потенцијални купувачи. Ова е ставот на првиот човек на синдикатот за индустрија Пеце Ристовски.

Заедно со синдикатот на Фени, и околу 200 работници денеска протестираа пред филијалите на Стопанска, Комерцијална и Силк роуд банка во Кавадарци, кои се најголеми доверители и кои бараат стечај за фабриката. Решението според ристевски треба да се бара во од, без стечај, бидејќи, како што рече, поволните цени на светскиот пазар му овозможуват на Фени да прави големи профити.

„Сигурно интереси се на доверители и на бивншотот раководство кој ќе го грабне Фени, бидејќи Фени има иднина. И тоа доведе до ова, работниците да бидат жртви и дека има игри.“ - вели Пеце Ристовски – претседател на синдикат за индустрија, енергетика и рударство.

Работниците стравуваат за своите места. За ваквата ситуација ги обвинуваат менаџерите кои го воделе Фени. Од синдикатот на Фени ги молат банките да се откажат од стечајот, а од владата бараат поголем ангажман за решение.

„Пред две недели кај нас во Фени беше присутен Анѓушев заедно со претставник на Енекод и ни беше претставен како сопственик.“ - вели Ѓорѓи Палитов – претседател на синдикан на Фени.

Фени има 60 милини евра догови, од кои 40 милиони кон банките и 20 кон други добавувачи, меѓу кои и ЕДС, фирмата во сопственост на Анѓушев, која до пред извесно време ја снабдуваше фабриката со струја. Информациите дека си го наплатила долгот од Фени пред стечајот, од ЕДС ги отфрлија како невистинити. Во меѓувреме во нашата редакција пристигна имејл потишан како реструктуирање Фени, зад кој најверојатно стои предстечајниот управник Мирослав Атанасиевски.

„Од отпочнување на претстечајната постапка, со цел зачувување на имотот на стечајниот должник, се преземаат мерки за одржување на технолошки минимум. Струјата секако е круцијален инпут. Препреките се надминати, обезбедено е непречено снабдување со електрична енергија во текот оваа фаза од постапката, до 13.11.2017 година.“

13 ноември е денот кога велешкиот суд ќе одлучи дали Фени ќе оди под стечај или ќе добие нов газда.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.