Протест на новинарите од Западен Балкан на самитот во Тирана

09.11.2017 | 13:10
Прочитано: 1064

На самитот на новинари од Западен Балкан во се одржува во  Тирана, Албанија  утринава се одржа  протест.

Протестот со црни маички беше инициран од српските новинари, а им се приклучија колегите од регионот, кои ги делат истите проблеми. Покрај новинарите, на самитот се присутни и многу бирократи од Брисел.

„Вака изгледа кога нема слободни медиуми. ЕУ да направи повеќе за слободата на медиумите. Борба против медиумската темница“, пишуваше на црните маички.

Симболичниот протест се случи за време на панел дискусијата по обраќањето на еврокомесарот за проширување Јоханес јан, кој кажа дека слободата на медиумите е критериум за влез во ЕУ за земјите кандидати. Пред него зборуваше и албанскиот премиер Еди Рама.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.