Протест на новинарите од регионот за време на медиумската конференција во Тирана

09.11.2017 | 18:43
Прочитано: 1013

Со овој цртеж најдобро може да се опишепораката која медиумските работници, новинарите и претставниците на повеќе новинарски здруженија од Западен Балкан ја испратија до медиумската конференција во Тирана. Политички и бизнис проитисоци, економска нестабилност, но и застрашување и закани по живот, ова се проблемите на новинарите на земјите кандидати за ќленство во НАТО и ЕУ. Новинарите побараа од Европската комисија да не биде нем и дипломатски набљудувач. Токму оваа порака новинарите од Србија со поддршка од колегите во регионот ја искажаа до биселските бирократи преку симболичен протест и побараа поддршка од ЕУ за борба против медиумскиот мрак. Сепак, комесарот за проширување Јоханес Хан не ги слушна пораките, зошто истакна дека слободата на медиумите е клучна за брисел, си замина од сесијата. Во своето обраќање истакна дека Брисел нема да прави компромиси со слободата на медиумите.

Слободата на изразување е темелна вредност на Европската унија и како таква, таа е услов за кој нема преговори за која било земја апликант или кандидат за членство во ЕУ. Независното и слободно известување е од клучно значење за градењето демократија, воспоставувањето на добро владеење и за соодветна комуникација со реформите, за што е важно учество да земат граѓаните. Поддршката и заштитата на слободата на медиумите се уште поважни, со оглед на фактот дека условите за независно и истражувачко известување драматично се влошија во целиот свет: ЕУ е исто така погодена, како што се покажа неодамна со бруталното убиство на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција.“ - изјави Хан.

Тој и со порака до новинарите, мора новинарството да се врати на кредибилни патеки.

„Дури и според добро познатите, тешки услови, важно е да се надмине поларизацијата и поедноставувањето. Критичното известување е клучно за секоја демократија, медиумите се неопходен елемент на еден функционален систем на проверки и баланс. Но, оваа важна функција треба да се спроведува со одговорност: со конструктивна критика, заснована на добро истражени аргументи и со избегнување на лични напади. За нас е полесно да го браниме критичкото новинарство кое е во согласност со професионалните стандарди и кое, исто така, има јавен кредибилитет' - изјави Хан.

Албанскиот премиер Еди Рама, домаќинот на конференцијата беше воздржан од критичките притисоци и не штедеше критики за медиумите.

Никогаш не смее да му се верува на богат новинар, денеска во медиумите се стекнуваат огромни богатства а борбата со корупција опаѓа“ - истакна Рама.

Наконференцијата во Албанија се дискутираа повеќе аспекти од медиумската слобода и слободата на изразување, а новинарите беа единствени дека мора уште многу да се направи за да се постигне медиумска револуција.

 


Од Тирана за ТВ 24 Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.