Проектот Жан Моне за партиски компромис, а не за замена на Пржино

10.11.2017 | 17:29
Прочитано: 1056

Известувачот за Македонија во ЕУ Иво Вајгл дојде и официјално ги покани  претставниците на сите  парламентарните партии да присуствуваат на состанокот кој треба да се одржи последната недела од јануари во куќата на Жан Моне во Париз . Сите партии официјално не го потврдиле своето присуство иако како што рече Вајгл очекува позитивни одговори. Целта на овој проект не е ново Пржино бидејќи тој договор останува во македонското собрание, но се очекува со него да се воспостави пријателска дебата за важните прашања меѓу власта и опозицијата.

„Жан Моне не е ниту замена ниту продолжение на Пржинскиот договор кој ќе остане ист ниту има за цел да го промени договорот од Прибе ниту пак да ја промени реформската агенда  на Владата. Ова е нешто што е понудено од страна на парламент кон друг парламент“, вели Иво Вајгл - Европратеник

Вајгл избегна да го коментира фактот што  лидерот на најголемата опозициска партија  ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е се уште без пасош но објасни дека  секоја од парламентарните партии може да појде со координатор, пратеник и член на од службата од секоја партија во парламентот.

„Одредени политички групи го потврдија своето присуство, одредени начелно го потврдија, но во наредните 2 недели  би имале конкретен датум кога ќе се одвива конференцијата  и секако ќе чекаме не само на начелна потврда  туку и на конкретна од сите политички партии“, вели Иво Вајгл - Европратеник

И претседателот на законодавниот дом Талат Џафери порача дека собранието ќе ја прифати поканата за да почне дијалогот бидејќи како што рече тоа е во интерес на институциите и граѓаните.

„Собранието е подготвено да ги следи сите препораки на ЕУ и во тој контекст да ги спроведе во целост сите тие препораки кои што според размислувањето односно оценката сите тие препораки се во полза  на нашите институции“, вели Талат Џафери - Претседател на Собранието на Р.М

Главните теми на кои ќе се разговара во Парис се поделени во три дела, Деловник на Собранието, етички кодекс на пратениците и владеење на правото.

По средбата во Париз, како што најави европратеникот, не се исклучва натамошните состаноци да се одржуваат во друга европска престолнина или во Скопје.

 


Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.