Причина за нападот на докторот од Токсикологија е лична пресметка

10.11.2017 | 10:36
Прочитано: 6456

Лекарот, кој беше нападнат синоќа на влезот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, е 48-годишниот Н.З. од Слупчане, кумановско.

Тој е прободен во пределот на грбот со остар предмет од страна на непознато лице.

Полицијата го потврди случајот и информира дека вчера околу 19:50 часот во полиција е пријавено дека на Ургантниот центар е донесено повредено лице со остар предмет.

Причина за нападот е лична пресметка, а дел од медиумите јавуваат дека лекарот го нападнал сопругот на негова колешка.

Случајот го потврди и директорот на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски, според кого, лекарот е надвор животна опасност.

Лекарот е повреден кога доаѓал на ноќна смена на работа.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.