Предлогот за Jовески стигна во Собрание

08.11.2017 | 10:48
Прочитано: 779

Предлогот на владата за државен јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески стигна во Собранието.

Собранискиот спикер Талат Џафери треба  на собраниска седница предлогот да го стави на дневен ред и истиот да се разгледува во редовна постапка.

За негово изгласување е потребно просто мнозинство, односно „за“ да гласаат  61 пратеник.

Љубомир Јовески е член на Советот на јавните обвинители. Од владата одлуката за негово именување ја темелат како што рекоа врз основа на неговата професионална биографија и позитивното мислење на Советот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.