Пожар пеплоса дел од Градежниот факултет во Скопје

09.11.2017 | 18:42
Прочитано: 3134

26 пожарниакри неколку часа се бореа со огнената стихија која избувна на градежен факултет. Пожарот избил на третиот кат на зградата, по што набргу го зафатил и покривот, а освен материјална штета, нема повредени студенти. Од противпожарната служба велат дека единствениот проблем со кој се соочиле бил непристапниот терен поради возила на граѓани кои биле оставени на места каде паркирањето не е дозволено.

„Дојавата е добиена во 9.10 и интервенирано е со 12 возила и 26 пожарникари и е спречено ширење на пожарот и најважно е шро нема жртви.“ - вели Звонко Томевски – командир на противпожарна бригада.

Огнот избил во кабинетот на еден од професорите на Архитектонски факултет и брзо се проширил, а огнените јазици уништија неколку канцеларии кои ги делат двата градежен и архитектонски факултет. Иако причините за пожарот се засега непознати, деканите на двата факултети прстот го вперија во старата инсталација, а се пожалија и на застарените простории за кои тврдат дека се потешко можат да ги одржуваат.

„На долниот кат кај што се ширеше пожарот, и се обидувавме да го изгасиме. тие простории се три кабинета на архитектура и до нив два кабинета на градежен.“ - вели Дарко Мославац – Декан на градежен факултет.

„Поради брзата интервенција на колегите, сите студенти од двата факултети се евакуирани,“ - вели Огнен Марина – Декан на архитектонски факултет.

На потег е МВР која треба да ги утврди причините за пожарот, а дополнително, треба да се оцени и штетата која е предизвикана со огнената стихија.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.