Посуштински мерки за борба против загадувањето

09.11.2017 | 18:42
Прочитано: 656

Дали за почист воздух граѓаните ќе треба да платат од свој џеб? Поскапувањето на дизелот, паркингот, забраната на старите возила се непопуларни мерки посебно во земји како Македонија, каде стандардот на граѓаните е низок. Затоа државата ќе мора да мисли и како еколошките мерки ќе влијаат на граѓаните, посебно на социјално-загрозените.

„Тука страда најсиромашната популација. Тука ја поврзуваме екологијатасо социјалната политика. Мораме да бидеме в предвид дека социјалните случаји ќе треба да се подржат.“ - вели Антонио Јовановски – НВО „Go Green“.

Така за сметка на поскапувањето на пакрингот, еко-активистот Антонио Јовановски смета дека треба јавниот превоз да биде бесплатен, но и ефикасен.

„Мора да се предложи и бесплатен јавен превоз и се надеваме дека ќе видиме скопска железничка линија.“ - вели Јовановски.

Една од владините мерки е и гасификацијата, но за реализација на овој проект ќе бидат потребни повеќе години. Во меѓувреме еко-активстиката Невена Смилевска решение на проблемот со греење гледа во субвенционирањето на почисти начини на греење.

„Нешто шот краткорочно може да се направи е субвенционирање на поефикасни печки за цврсто гориво. Неефикасната емитува до пет пати повеќе штетни емисии во однос на ефикасната.“ - вели Невена Смилевска – Еко Свест.

Доколку мерките се применат, а не останат само на хартија, еко-активистите сметаат дека ефекти во намалувањето на загадувањето ќе има.

„Секоја мерка ќе има влијание и добро е да се даваат и препораки и мерките да се спроведат“ - вели Смилевска.

Штетните честички кои со години ги вдишуваат граѓаните влијаат и на здравјето и на економијата. Според податоците на Светска банка четири Македонци дневно умираат како резултат на аерозагадувањето, секое второ дете во земјава има респираторни проблеми, а економијата трпи загуби од над 250 милиони долари.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.