Почина пионерот на рокенролот Фетс Домино

25.10.2017 | 19:15
Прочитано: 1017

Фетс Домино, еден од највлијателните рокенрол изведувачи во 50-те и 60-те години, почина на возраст од 89 години, потврди неговата ќерка.

Славата ја стакна како пијанист, пејач и текстописец, а ќе остане запомнет по хитовите „Ain't That a Shame“, „Blueberry Hill“, „Walkin' to New Orleans“ и многу други.

Успешната кариера ја започна во 1949 година со песната „The Fat Man“, која беше продадена во повеќе милиони копии, што не беше случај со тогашната рокенрол музика.

Овој музичар од Њу Орлеанс продал повеќе од 65 милиони плочи, тираж кој во 50-те години го надмина само Елвис Присли. Тој имал 40 песни на топ-листите за 10 најдобри ЕренБи нумери и 11 песни на топ-листите за 10 најдобри поп песни. На еден концерт, Присли го претстави како човекот кој извршил најголемо влијание на него на почетокот на кариерата


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.