Победа која ветува – Швајцарија „на колена“ пред младите надежи на Македонија

08.11.2017 | 21:05
Прочитано: 1586

Дека Македонија има светла фудбалска иднина, повтврди денеска и младата репрезентација за играчи до 19 години откако со триумф над Швајцарија го отвори квалификацискиот турнир за пласман во елитната рунда за ЕП.

На тренинг центарот „Петар Милошевски“ избраниците на Вујадин Станојковиќ иако на полувремето губеа со 1-0, во вториот дел за пет минути приредија целосен пресврт и триумфираа со 2-1. Доминацијата на Швајцарците во првиот дел со погодок ја оправда Филип Угриновиќ во 33-тата минута. Сепак, македонски надежи своето вистинско светло го рефлектираа кога беше најпотребно. Изедначија на 1-1 во 56-тата откако Митровски одлично нафрли од корнер, а Трајановски со глава реализираше прецизно во целта. Само пет минути подоцна, Дарко Чурлинов изнуди најстрога казна, а сигурен реализатор на истата беше Јани Атанасов за конечни 2-1. Со овој триумф широко ги отвораја вратите кон пласманот во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство.

Прва шанса за заверка имаат в сабота против Белгија, која во првото коло го совлада Лихтенштајн. Со триумф Македонија ќе биде најмалку второпласирана, доволно за елитната рунда, каде место има за двете најдобри селекции од групата. Во последното коло ќе се сретнат со Лихтенштајн на 14 ноември.

 


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.