По седум години затвор – Велија Рамковски на слобода

24.08.2017 | 15:08
Прочитано: 26325

Со еден куфер и кеса Велија Рамковски ја напушти затворската келија во која престојуваше изминатите 6 години и 8 месеци.  Привремено, поради лекување сопственикот на некогашната А1 телевизија  се врати дома.  Веста дека Рамковски е повторно меѓу семејството ја сподели неговата ќерка Лејла на социјалната мрежа фејсбук.

Поради лекувањето неизвесно е кога ќе се врати назад во Идризово за до издржување на казната од 13 години затвор, а од денеска се стопира одбројувањето на казнените денови.

Рамковски излегува од зад решетки на негово барање од здравствени причини, кое според извори на ТВ 24 било поднесено поодамна  во време на поранешното раководство на Управата за санкции . Но и покрај итноста на барањето екс директорката Лидија Гавриловска  одредено време  го чувала во фиока.

Рамковски во спектакуларната полициска акција насловена како „Пајажина“, најпрво беше приведен, во зградата на некогашна А1 ТВ.

За Рамковски полицискиот упад во А1 беше политичка хајка, нарачан од ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.

„Да не му дозволиме да ја јача диктатурата. Да не дозволиме да ја зема А1“, вели Велија Рамкоовски.

Две години по апсењето, Рамковски беше осуден на 13 години затвор..Во предметот Пајажина беа обвинети и неговите деца, брат, блиски роднини и поранешни соработници од телевизијата. Вкупната казна изнесуваше 109 години затвор, а случајот доби политички квалификации. По апсењето на Рамковски и неговото семејство телевизијата отиде под стечај поради неисплатен долг кон УЈП, а слична судбина ги снајде весниците „Време“, „Шпиц“, и „Коха е ре“, каде како управители се јавуваат дел од другите обвинети во Пајажина.

 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.