По речиси една година бегство фатен затвореник од Идризово

09.11.2017 | 14:19
Прочитано: 5369

По речиси една година бегство вчера попладне полицијата уапси триесет и деветгодишен затвореник од затворот Идризово.

Тој бил осуден на 20 години затворска казна, а од затворот избегал на 16 декември минатата година со употреба на сила и сериозна закана.

До моментот на лишување од слобода истиот само во Куманово има извршено 10 кривични дела и тоа шест разбојништва, три тешки кражби и едно одземање на моторно возило.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.