По МЗТ и Работнички „пазари“ во Карпош Соколи

21.11.2017 | 20:30
Прочитано: 787

Карпош Соколи откако падна во финансиска криза, се знаеше дека ќе остане и без водечките кошаркари во тимот. По вчерашниот трансфер на Дарко Соколов во МЗТ Скопје, од денеска остана и без македонскиот репрезентативец Кирил Николовски.

Најтрофејниот кошаркарски колектив, Работнички, кој оваа сезона не знае за пораз во домашниот шампионат ги договорил сите услови околу идната соработка со Николовски, а со тоа праќа јасна порака дека останува еден од најсериозните претенденти за титулата. Николовски ќе биде огромно засилување во играта под обрачите за тимот од „Градски парк“ чиј дрес за прв пат ќе го облече откако претходно во три наврати го носеше дресот на лутиот ривал МЗТ Скопје. Има играно и за Вардар осигурување и Фени индустри, а дебито во црвено-белиот дрес ќе го има токму на дербито против МЗТ Скопје на 2. декември.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.