Пенс на состанокот со Јилдирим изрази загриженост поради апсењата во Турција

10.11.2017 | 14:33
Прочитано: 681

Потпретседателот на САД Мајк Пенс, на средбата со турскиот премиер Бинали Јилдирим, изрази „длабока загриженост“ поради апсењата на американски граѓани и локалниот персонал во американските дипломатски мисии во Турција, како и на новинари и други лица во услови на вонредна состојба, соопшти Белата куќа.

На средбата, Пенс апелираше за транспарентност и нормални судски процедури за нивните дела, се наведува во соопштението.

Јилдирим пред да замине во Вашингтон, истакна дека со американските претставници ќе го разгледа прашањето за барањето на Анкара за екстрадиција на Ѓулен, како и за апсењата на „некои турски граѓани“ во САД. 

Сепак, во соопштението на Белата куќа не се споменува за разговори во однос на тие прашања.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.