Отстранети препреките за изградба на автопатот Миладиновци-Штип

08.11.2017 | 18:04
Прочитано: 3813

До крајот на јануари следната година треба да завршат преговорите на Министерството а транспорт и врски и кинеската компанија Синехидро, со кои треба да биде потпишан анекс договор за изгрдба на автопатот Кичево Охрид. Со тоа ќе биде утврден и рокот за финализрање на проектот, за автопатот кој сега ќе чини 143 милиони евра повеќе од првично планираното.

„Кога зборуваме за автопатот Кичево-Охрид каде реално ќе требаат пари, многу внимателно го правиме тоа, да ја видиме цената колку што може да биде пониска и да не направиме кривично дело.“ - вели Горан Сугаревски – Министерство за транспорт и врски.

Од владата ветуваат дека автопатот Миладиновци – Штип, ќе биде готов до крајот на септември наредната година, бидејќи препреките кои се појавиле околу изградбата во најголем дел се отстранети, а остануваат уште многу мал дел да се отстранат.

„Препреките се отстрануваат етапно и се останати уште некои што временски ќе се отстранат и мислам дека до 1 декември нема да ги има.“ - вели Зоран Китанов – директор на ЈП за државни патишта.

Владата најавува дека за еден месец ќе се почне со изградба на ескпресниот пат Штип – Радовиш, кој треба да биде готов до почетокот на 20121 година. Штип Радовиш е во должина од 23,5 километри и ќе чини 28 милиони евра, средства кои се обезбедени со заем од Европска банка за обнова и развој. Од ВМРО -ДПМНЕ, реагираа дека е добро што актуелната влада го релизра проектот што го почнала претходната влада.

Ја потсетуваме владата на СДС дека сеуште граѓаните го очекуваат барем првиот километар автопат кој ќе го изградат од вкупно 500-те километри нов автопат кои ги ветија пред изборите дека ќе ги реализираат.“

По доаѓањето на СДСМ на власт беше обелоденото дека изгрдбата на автопатите во земјава ќе чини многу повеќе од она што го најавуваше претходната влада поради тоа што се појавиле пропусти.

 


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.