Ослободени петтемина каталонски пратеници

10.11.2017 | 09:52
Прочитано: 547

Шпанскиот Врховен суд ги ослободи петтемина каталонски пратеници, но властите сепак ја продолжуваат истрагата за нивната улога во прогласувањето на независност на Каталонија.

Од судот соопштија дека четворица пратеници ќе мора да платат кауција од 25 илјади евра, додека петиот пратеник е ослободен без кауција.

Каталонија на 27 октомври прогласи независност, по што Шпанија воведе директна управа врз тој регион, ја смени регионалната влада и го распушти парламентот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.