Одлуката на Апелација дали бомбите за „Титаник 2“ ќе се користат како доказ

22.11.2017 | 09:21
Прочитано: 1564

Денеска треба да биде соопштена одлуката на Апелација за тоа дали бомбите  ќе бидат доказ за предметот на СЈО за изборни нерегуларности.

На јавна седница во Апелациониот суд вчера СЈО ја образложуваше жалбата зошто бомбите треба да бидат доказ во предметот „Титаник 2“.

Станува збор за два разговори од кои од едниот помеѓу поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и Мендух Тачи се слуша како се договараат за гласање по однос на приговори на изборите во ДИК.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара Апелација да се води од досегашната пракса со која бомбите беа прифатени како доказ.

Одбраната на обвинетите и обвинетите Мијалков, Тачи, поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими и Сашо Срцев како и петтемина судии од Управниот суд не дојдоа на јавната седница.

Апелационите судии треба да одлучат уште за тоа дали бомбите може да бидат доказ и во предметите „Тортура“ и „Титаник“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.