Од утре до 31 август од 11 до 18 часот забрана за движење на скутерите во езерата

11.07.2012 | 18:24
Прочитано: 996
Владата на Република Македонија на денешната редовна седница донесе одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти (скутери) на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Се ограничува пловидба на скутерите на езерата од утре до 31 август, од 11 до 18 часот секој ден.
 
Одлуката, соопштува владината прес-служба, е заради заштита на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, како и заради заштитата на природната средина.
 
- Потсетуваме дека стапени се во сила и санкциите за прекршување на оваа одлука, во висина од 6.000 до 8.000 евра во денарска противвредност за домашни и странски правни лица и од 800 до 2.000 евра за физички лица, како и мандатни казни од 600 евра на местото, кои стапуваат во правна сила врз основа на законските и подзаконските акти со кои се уредени, стои во соопштението од Владата на Република Македонија.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.