Од недела над 40 степени и многу висок УВ индекс

06.07.2012 | 14:47
Прочитано: 1308

Високи температури со многу висока вредност на УВ индексот најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Македонија од недела под влијание на многу топла воздушна маса од северна Африка ќе биде претежно сончево и многу топло време.

Температурата на почетокот на наредната недела ќе биде над 35 степени, а на места ќе достигнува и до 40 степени.