Новиот претседател на Кривичен утре ќе даде свечена заклетва

09.11.2017 | 15:21
Прочитано: 813

Новиот претседател на Кривичниот суд  Иван Џолев утре во 10.30 ќе даде свечена заклетва пред членовите од Судскиот совет. По оваа церемонија тој и официјално ќе седне на првото столче во скопска единица.

Судијата Џолев вчера беше избран за прв човек на Основниот суд Скопје 1, со поддршка од 11 члена и двајца против.

Тој беше меѓу седумтемина кандидати кои се бореа за оваа позиција на последниот конкурс. Џолев беше шести на листата според бодувањето од сработените предмети, но за членовите кои му ја дадоа довербата бодовите не биле пресудни.

Нивните очекувања за профилот на прв човек на Кривичен суд се дека тој треба да биде пример за останатите судии и да умее да ги амортизира меѓучовечките односи во судот, кој е еден од најповикуваните во извештаите од меѓународните заедници во изминатите неколку години.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.