Новинарите добија бесплатен пристап до Централниот регистар

24.09.2017 | 20:11
Прочитано: 1024

Новинарите од денеска ќе можат да добиваат бесплатни информации од Централниот регистар, но во барањата ќе мораат да наведат на какво истражување работат, посочи директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковска на средбата на новинари.

Владата минатата недела донесе одлука со која новинарите кои работат на истражувачки стории ќе може да поднесат барање со кое нема да се наплаќа услугата од регистарот. Барањето треба да биде ставено на меморандумот на новинарската организација и да содржи печат и потпис од одговорниот уредник. Централниот регистар и Агенцијата за катастар на недвижности ќе треба на видно место да назначат дека барањето е во функција за истражување и дека не треба да се злоупотребува за други цели.

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.