Нова хит руска серија на Телевизија 24 „Кујна“

06.11.2017 | 18:12
Прочитано: 1467

За сите оние кои се вешти во кујната, но и за оние кои шпоретот го користат како фиока, ја нудиме руската серијаКУЈНА“, која ќе работи со полна пареа да зготви посластица за своите гледачи.

Оваа кујна веќе ја пробале во повеќе земји во светот (Русија, Србија, Грција, Хрватска, Естонија, Португалија), а рејтинзите се толку високи што дегустаторите секогаш оставаат бакшиш и се враќаат за секоја нова епизода.

ТВ 24 ексклузивно, ја носи оваа серија во Македонија. Хуморот на оваа серија е малку поразличен од американските ситкоми и со самото тоа освежувачки, но и храбар. Само за илустрација, во првата епизода, протагонистот Макс се обложува со главниот готвач дека ќе зготви нешто толку вкусно што цел ресторан ќе сака да порача од тоа. Ако не успее, ќе замине од ресторанот сосема гол!

Ритамот на серијата е брз, со иновативна телевизиска монтажа. Заплетот го следи главниот лик Макс Лавров кој сонува да стане големо кулинарско име. Почнува да работи во најскапиот руски ресторан кај исклучително талентираниот главен готвач Виктор кој ќе се постави какосол во кафево однос на Макс.

Ова е серија која ветува добра забава што произлегува од непредвидливите комични ситуации. Секако, каде има добра храна таму има и многу љубов.

Проверете сами, секој работен ден од 17:45 на телевизија 24.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.