Нова бура во Грција

19.11.2017 | 18:23
Прочитано: 1953

Нова бура и се заканува на Грција. Синоптичарите алармираат дека ноќва се очекува нов бран проследен со поројни  дождови и силни  ветрови. Граѓаните во околината на Атина се уште живеат во страв. Страотните слики што ги нацрта невремето нема брзо да се заборават. Илјадниците кои останаа без кров над глава го чекаат новит дождлив бран.  Реките од кал и вода опустошија се пред себе.

„Врз нашата куќа дојде голем бран вода, едвај се спасивме. Водата ме однесе кон коритото и ме исфрли надвор“.

„Три сендвичи и неколу шишиња минерална вода тоа остана, немаме храна, немаме пари, немаме ништо. И домот не ни остана“, велат поплавени граѓани.

Бурата  Зенон кој  доаѓа од Средоземното Море вечерва се очекува да ја погоди  централна Грција. Според синоптичарите  овој бран ќе донесе  серија поројни дождови и ветер  слични на  оние од  почетокот на неделата кои  предизвикани катастрофалните  поплави  во областа Атика  и во кои досега загинаа 16 луѓе.

„Се е уништено. Ништо не остана од домот, и двете коли кои ги поседуваме, водата ги однесе. Домот ми е цел во кал“.

„Секогаш го оставам овој прозорец отворен, и одеднаш слушнав голема бучава. Почнав да викам по моите внуци да станат од спиење, додека излегувавме надвор куќата веќе беше под вода“, велат поплавени граѓани. 

Земјата од вчера  е тридневна жалост.  Училиштата  се затворени, властите и спасувачките  екипи трагаат по исчезнати од библиските поплави. Грчкото Министерство за економија и развој обезбеди пет милиони евра за настраданите во поплавите.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.