Нов пораз за АВ Охрид во Втората АБА лига

08.11.2017 | 19:45
Прочитано: 394

Кошаркарите на АВ Охрид претрпеа нов пораз откако попладнево во натпревар од 5 коло од Втората АБА лига загубија на домашен терен од Рогашка со 78:56 (20:13; 17:22; 20:13 и 21:8). 

Охриѓани равноправен ривал беа само во првото полувреме кое го загубија со 37:35, но лошата последна четвртина кога постигнаа само осум поени беше причината за петтиот пораз. Охрид е единствениот тим во ова натпреварување без победа.
 
Екипата на Рогашка ја постигна втората победа. Рашун Дејвис од Рогашка беше најефикасен на натпреварот со 32 поена, додека кај Охрид Емир Зимиќ со 15 поени беше најпрецизен.

Во следното коло екипата на Охрид гостува кај тимот на Динамик од Белград.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.