Не стивнува приливот на нови бегалци на грчките острови

08.11.2017 | 14:45
Прочитано: 557

Во првите денови од ноември на грчките острови пристигнале околу 800 бегалци и мигранти, што покажува дека нивниот прилив од средината на август досега не се намалува.

Во моментов на островите има над 15 илјади бегалци од кои повеќето се наоѓаат на островот Лезбос.

Локалните власти од Лезбос побараа од грчката влада и од Европската унија под итно да се ангажираат за да се намали бројот на луѓето во прифатните центри и мигрантите да се сместат во кампови кои имаат пристојни услови за живот и безбедност.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.