Нападнат лекар од клиниката за токсикологија

10.11.2017 | 17:54
Прочитано: 2681

Планиран напад од зад грб - лекар од скопска токсикологија заврши во хируршка сала откако напаѓач му забил два убоди во слабината. Крвавата драма се случувала пред влезот на Клинички вчера околу 19.30 часот. Лекарот тргнал кон своето работно место но завршил во Ургентен центар. Неговите колеги го осудија настанот. Директорот на токсикологија вели дека лекарите се постојано изложени на  закани и напади. Побара итно расветлување на случајот.

„Вербални напади не само на клиниката за токсикологија, туку континуирано е изложена целата докторска фела Во рамки на Клиничкиот центар  има клиничко обезбедување, интензивно се размислува да има обезбедување на клиниката меѓутоа за жал  финансиската состојба што ја наследивме  во моментов не дозволува“, вели Нико Беќаровски – Директор на Клиника за токсикологија

Се огласи и Лекарската комора. Оттаму велат дека вакви настани се за целосна осуда и одговорност.
 
„Длабоко верувам во системот на оваа држава и да оставиме институциите на системот  да си го проследат сето околу немилиот настан“, вели Калина Старделова Гривчева – Претседателка на Лекарска комора 

Осуда за нападот и апел за расветлување на случајот стигна и од Министерството за здравство.

„Повторно апелираме дека докторите во Јавно Здравствените Установи како и целокупниот медицински персонал вршат хумана дејност и таквиот однос кон нив да биде најостро санкциониран“, велат од  Министерство за здравство

Кој е напаѓачот и кои се причините за нападот на лекарот – одговoр од надлежните се уште нема. Од МВР велат дека работат на целосно расветлување на случајот. Во јавноста пак се шпекулира дека станувало збор за лична пресметка, а напаѓачот наводно бил сопруг на медицинска сестра од истата клиника.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.