Награда за Никола Ристановски на фестивал во Србија

30.10.2017 | 11:23
Прочитано: 990

Никола Ристановски доби награда за најдобар актер на 25. Меѓународен театарски фестивал на класици „Вршачка театарска есен“ во Србија. Наградата ја доби за улогата Иванов во истоимената претстава по текст на Антон П. Чехов, во продукција на Народно позориште Белград.

„Стручното жири, во состав: Слободан Савиќ (претседател на жирито и театарски критичар), Душан Белача (писател) и театарскиот режисер Александар Швабиќ, едногласно ја донесе одлуката наградата за најдобар актер да му се додели на Никола Ристановски. Ова е негова 48 награда“, соопшти Македонскиот народен театар.

Оваа претстава во јуни годинава гостуваше и го затвори 4. Меѓународен фестивал МНТ Фест во Скопје. Режијата и адаптацијата се на Татјана Мандиќ-Ригонат. На матичната сцена во Белград претставата премиерно е изведена во октомври минатата година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.