МВР: Едно лице е убиец на Мартин Јанушев, сослушани 35 лица

08.11.2017 | 18:46
Прочитано: 11408

Посебен штаб во МВР по насоки на Јавен обвинител го истражува случајот за убиството на Мартин Јанушев. Досега за случајот се испрашани 35 лица, вели Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Според информациите на Телевизија 24, вчера на распит бил повикан човекот кој со својот автомобил го одвел Јанушев во болница. Тој несакаше да зборува пред камерите бидејќи сеуште е потресен од настанот, но вели дека додека го возел Јанушев, тој бил сеуште жив. Човекот кој го возел Јанушев, вели дека се што имал кажал во Јавното обвинителство.

МВР велат дека не се знае конкретниот мотив за убиството, но не се работи за политичка пресметка, туку за лично недоразбирање. Јавното обвинителство обезбедило снимки од камерите на Град Скопје и околните објекти, а за убиството сомничат само едно лице, за кое се сомневаат дека сеуште е во земјава.

Министерот Спасовски не сакаше да каже дали за убиството на Јанушев сомничат лице кое е избегано од затвор откако имало слободен викенд. Инаку, Телевизија 24 вчера објави дека за лицето Филип Секуловски, е распишана потерница откако не се вратил во затвор по слободниот викенд, а е пуштен истиот ден кога се случи убиството. Чичкото на Секуловски пак го повика избеганиот затвореник Филип, да се врати каде и да е и што и да направил и да не дозволува извесен Раде да го манипулира.

По шпекулациите дека во убиството е поврзана и агенција за обезбедување која се доведува во врска со можниот нарачател, МВР ја проверува и агенцијата за обезбедување Омерта Секјурити. Инаку, оваа Агенција е формирана на 21 јуни годинава, само неколку дена по фиормирањето на новата влада. Телевизија 24 се обиде да стапи во контакт, но единствениот телефон кој е оставен на име на фирмата беше недостапен. Отидовме и на адресата на која е регистрирана Омерта со цел да добиеме повеќе информации и став во врска со поврзувањето на новата агенција за обезбедување со убиството, но на адресата каде е регистрирана фирмата наидовме на семејна куќа. Спасовски не сакаше да коментира ништо повеќе за Омерта, но најави дека во однос на рекетарство ќе се истражуваат сите агенции за обезбедување во Македонија.

Изминативе месеци имаше, повеќе инциденти кои во кои беа уништени и автомобили, а имаше и тепачки. Од јули годинава до сега, има вкупно 12 убиства, од кои две се уште не се расчистени, убиството на Дилавер Бојку во Струга и на Мартин Јанушев.

 


Александар Тодевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.