МВР: Едно лице е убиец на Мартин Јанушев, сослушани 35 лица

08.11.2017 | 13:46
Прочитано: 8922

Едно лице го извршило убиството на Мартин Јанушев, а во истрагата на министерството за внатрешни работи досега  биле сослушани 35 лица.

Министерот Оливер Спасовски соопшти дека истрагата е во тек и има напредок. Се уште се прегледуваат снимките од надзорот на МВР, на објектите во околина и од градот Скопје.

Од јули годинава до сега, има вкупно 12 убиства, од кои две се уште се нерасчистени: убиството на Дилавер Бојку во Струга и последново, на Јанушев.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.