МПЦ бара да стане црква ќерка на Бугарската Православна Црква за да дојде до меѓународно признание

19.11.2017 | 21:22
Прочитано: 6722

МПЦ и официјално побарала од БПЦ да ја признае нејзината афтокефалност како црква мајка. Во официјалниот допис во кој се содржани заклучоците од седницата одржана на 9 ти ноември 2017 се испраѓаат неколку барања и предлози до синодот на БПЦ во кои се наведува:

„Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите Помесни цркви.“

Со потпишувањето на оваа согласност од поглаварите на двете Цркви, да се воспостави евхаристиско единство и меѓу сите нивни епископи кое што ќе биде основа за непречено воспоставување на евхаристиско единство и со епископите од останатите Помесни православни цркви.

За писмото во интервју за БТВ и официјално информираше митрополитот Наум кој вели дека очекувале првите чекори во подобрувањето на односите да ги направат политичарите.

„Од политичлки причини не е признава автокефалноста на Македонската православна црква, но Бугарската Православна Црква ја има единствената шанса со самото признавање да стане мајка на Македонската православфна црква “ - вели Митрополит Наум. 

Дел од експертската јавност во земјава пак ваквиот чекор го оценува како презаситеност од долгогодишното чекање СПЦ да ја признае МПЦ, но истовремено како што објаснува експертот Бранко Ѓоргевски ова може да предизвика и конфликт меѓу православните цркви бидејќи е потребен концензус меѓу сите нив, а доколку Бугарија ја признае автокефалноста на МПЦ еднострано тогаш таа може да се судри во интересите и со Руската и со Српската Православната Црква. 

„Сега бугарската црква може да дојде во ситуација таа еднострано да ја програси автокефалност, со што ќе го сруши тој принцип на консензус, а ова барање нема да наиде на одобрение од Руската Црква која сите овие години се водеше за воведување на тој консензус за да ја амортизира улогата на Вселенската патријаршија во православниот свет и се праќа порака кон Белград дека СПЦ не може бесконечно да го пролонгира решавањетѕо на македоносто црковно прашање.“ - вели тој.

Неодамна и бугарскиот академик Стефан Воденичаров во изјава дадена за бугарските медиуми коментираше дека признавањето на МПЦ како црква ќерка на БПЦ ќе биде добар чекор, но и успех за двете цркви.

МПЦ има прогласено автокчефалност во 1967 година според канонските правила со кои таа е обврзана да го реши спорот со СПЦ. Ставот на останатите православни цркви беше да се реши најпрвин токму спорот и потоа тие да ја прифатат МПЦ. Зачестените релации со БПЦ особено последните неколку години отвараат низа прашања дали преку признавањето на Бугарската Црква како мајка на МПЦ може да се реши долгогодишниот црковен спор.


Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.