ММБ – Во музејот можат да влезат и поединци, а не само групи, а поставката за Асном е светла точка

03.11.2017 | 17:52
Прочитано: 912

А после вчерашната емисија анализа на тв 24 реагираат и од Музејот на македонската борба, познат и како Mузеј на ВМРО. Од таму велат дека не било точно дека во музејот можеле да влезат само организирани групи, туку дека поставките можеле да ги посетат и поединци.

Оттаму појаснуваат дека поединци или групи сепак не можат да влезат во секој момент туку во интервали од 15 минути за да се овозможи непречено разгледување на поставките. Од институцијата која се нарекува и Музеј на жртвите на комунизмот тврдат и дека нивните поставки не ги оцрнувале пропадниците од народно ослободителната борба за сметка на припадниците на ВМРО, и дека како најсветла точка во музејот е оделението за Асном.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.