Министерот за надворешни работи на Црна Гора во посета на Македонија

09.11.2017 | 09:24
Прочитано: 294

Во официјална посета на  Македонија денеска ќе престојува министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ.

Покрај средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, Дармановиќ, како што соопшти МНР, ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и од премиерот Зоран Заев.

Во рамките на посетата се очекува да бидат разменети мислења за натамошно унапредување на билатералните односи во сферите од заемен интерес.

Во фокусот на дискусиите ќе биде и соработката на планот на ЕУ и НАТО интеграцијата и потребата од инфраструктурно поврзување.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.